Туриа ја зафатил пожар, за време на маратон во шума, по кој што таа се здобила со изгореници на 65 проценти од телото.
Мајк Хоскин и Туриаа Пит се пар кој се познава уште од основно училиште, а својата врска ја започнале во 2009 година. После две години забавување, Туриа доживеала страшна несреќа, поради која што останала без прсти на десната рака, а во болница минала пет месеци.
Мајкл се одрекол од својата кариера на полицаец за да може да и се посвети целосно на својата штитеничка, а од неодамна двајцата се свршени.
„ И купив дијамантски прстен додека беше на интензивна нега, уште пред четири години. Не сакам луѓето да ја сожалуваат, бидејќи таа само сака да продолжи со својот живор“, раскажува Мајкл.
„ Туриа сака да минува време надвор, крај океанот, таму уживаме во најголем дел од времето“, додава тој.
Туриа е многу возбудена поради свршувачката и нагласува дека токму љубовта на Мајкл е она што и помогнало да ја преброди несреќата.
„ Прекрасно е да имате ваков човек во животот. Тој го буди она што е најдобро во мене. Се радувам што ќе го поминам остатокот од животот со него“, раскажува Туриа.
По несреќата, таа продолжила да се занимава со трчање, велосипедизам, пливање и други спортови, а исто започнала да се занимава и со хуманитарна работа.
Фотографијата од парот кој и покрај страшното искуство не престанува заеднички да минува низ сите згоди и незгоди, истовремено ја воодушеви и расплака планетата.