Негативно мислење од советодавното тело за бугарски клуб со името „Цар Фердинанд“

Негативна е оценката на владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности за барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Како што изјави претседателот на советодавното тело – Бобан Петровски, за МИА, телото нема позитивно мислење со оглед на тоа што Цар Фердинанд во самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани, не е позитивна личност.

„Тој владее со Бугарија во 19 и 20 век, ја спроведува Бугарија во три војни кои за Македонија се со девастирачки карактер, поради тоа сè уште има спомени во населението на Македонија дека ова не може да се смета за позитивно и да се даде позитивно мислење“, изјави Петровски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Како што најави, нивното мислење доставено до Министерството за правда кое понатаму ќе одлучува по ова прашање.

Извор: МИА

- Реклама -