Запознајте ја Либи Такер, инструкторка по пливање од Кент, Велика Британија. 67-годишната Британка има нечовечка и необјаснива способност. Кога е во вода, таа целосно ја поразува гравитацијата, и тоа без ниту малку труд, буквално.
Неверојатно, зар не? И не, таа воопшто не го допира дното. Базенот е длабок 1.8 метри, додека таа е висока 173 сантиметри. Генерации и генерации пливачи во нејзиниот базен во Ширнес остале подзинати од нејзината натчовечка способност, во текот на 46-те години колку што Либи е инструкторка по пливање.
Г-ѓа Такер вели дека најинтересното искуство го имала кога била на одмор во Египет:
„Бевме на одмор во Египет и влеговме во Црвеното Море. Имав купено водоотпорна камера и се трудев да направам неколку фотографии од коралот. Чепкав по камерата и лебдев во водата како и секогаш, кога капетанот на бродот ми рече дека не смеам да стојам на коралот. Му одговорив дека не стојам, а тој не ми веруваше се додека не скокна во водата, нурна и се увери дека лебдам. Беше многу изненаден“.
„Луѓето се изненадени кога ќе ме видат, но јас навистина не знам како и зошто имам таква способност. Едноставно тоа е нешто што моето тело научи да го прави во текот на годините. Многу е од помош да можеш да лебдиш во вода додека им даваш инструкции на децата“, раскажува Такер.
Нејзиниот рекорд во ледбење на вода изнесува 9.5 часа, што го постави во 1977 на еден хуманитарен настан за Children Society.