Небензја: Русија не прифаќа демилитаризација околу нуклеарката Запорожје

Москва, 12 август 2022 (МИА) – Рускиот постојан претставник во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Русија не го поддржува предлогот за создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје.

„Демилитаризацијата на нуклеарната централа може да ја направи ранлива за оние кои сакаат да ја посетат. Никој не знае кои ќе бидат нивните цели“, изјави Небензја.

Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на повлекување на воениот персонал и опрема од централата и инсистираше на избегнување воена акција во близина на централата.

Прочитајте и:  Владата на Украина предлага зголемување на воениот данок
- Реклама -