Не ѝ вратил на порака, па му направила трејлер: „Каде по ѓаволите е Џорџ?“ (ВИДЕО)

Легнал Џорџ да дремне не повеќе од еден саат, ама девојка му Паулина, лута зашто не ѝ вратил на порака (а ѝ било и досадно), седнала да направи трејлер за непостоечкиот (сега засега) филм – „Where the F#!% is George“, со надеж дека ќе го насмее заспаниов кога ќе се разбуди.

Во меѓувреме видеото го објавила на Твитер, и ете, станало хит. Некои, додуша, го промашиле хуморот, па коментираат дека попрво би биле сами, отколку со некоја што би направила вакво нешто.

21-годишната студентка Паулина, меѓутоа, е сигурна дека многумина ќе се пронајдат во видеото (што воедно е и коментар за денешниот начин на живот), а поради својата креативност и шеговитост добила и понуда за работа.

https://twitter.com/putang_gang/status/1072368274929868800

 

 

- Реклама -