Не можете ни да претпоставите зошто девојчево ги крева рацете

Ова слатко сириско девојче му го привлекло вниманието на еден фоторепортер за време на неговиот престој во кризните региони. Кога тој клекнал за да ја фотографира, не ни претпоставувал дека реакцијата на девојчето ќе му ги насолзи очите.

Мислејќи дека фотоапаратот е оружје и дека фотографот сака да ја убие, девојчето преплашено ги кренало рацете во воздух, предавајќи се. Ете, вака изгледа детскиот лик кога „да се предадеш“ е единствената шанса што ја имаш во/за животот.

Ја посветуваме фотографијава на сите детства проголтани од злобните јазици на војната, некогаш, сега и во иднина. Баш ни е гајле што не е наше дело.
tweet

- Реклама -