Облечена во тесен фустан под кој јасно се отцртувале нејзините познати облини.
И покрај напорната работа и големиот труд кој го вложила во снимањето на песните и видеата за својот нов албум “Beyonce” кој изненадно го објави минатата недела, Бијонсе призна како се сомневала во неговиот квалитет во моментот кога го објавувала.
„Бев возбудена и преплашена. Ги замислував најлошите работи кои можат да ми се случат по објавувањето на албумот“, изјавила Бијонсе за време на промовирањето на нејзиниот нов албум во School Of Visual Arts Theatre во Њујорк. „Бев многу нервозна затоа што се работеше за голем ризик“, рекла Queen B.
Но, дека немала никаква причина за грижење, се покажа по објавувањето на албумот кој го преплави iTunes и за само недела дена беше продаден повеќе од милион примероци.
Прекрасната пејачка за тој повод беше облечена во тесен фустан на кој јасно се отцртувале нејзините познати облини.
Бијонсе на фановите им одговарала и прашања поставени на Инстаграм. Едно од нив се однесувало на откривање на интимноста на новиот албум.
„Отсекогаш сум била многу затворена личност, полна со почит кон луѓето со кои работам. Сега повеќе не размислувам за себе како нечие дете, туку повеќе се гледам како мајка и мислам дека дојде време малку повеќе да се отворам на фановите. Се чуствувам потполно слободно“, напишала на Инстаграм.