Британскиот суд одлучи: Не, играњето бриџ не е спорт

Апелациониот суд во Лондон одби играта со карти позната како бриџ да ја признае за спорт.

Судот ја прифати одлуката на организацијата Sport England од октомври 2015-та година, според која бриџот не може да биде ставен во иста категорија со бадминтонот, билијардот и модерниот танц.

Англиската бриџ унија, која има околу 55.000 членови, оценува дека ваквата одлука го ограничува јавното финансирање и промоцијата на бриџот. Во нивното соопштение се наведува и дека бриџот допринесува за здравјето и менталниот напредок.

На листата на признаени спортови на Sport England – организацијата која воедно и одлучува за јавното финансирање на спортовите – има риболов, пикадо, доџбол („народна“), авио-моделарство и летање со балон. Во правилникот на Sport England стои дека спортот мора да има „физичка активност“ и затоа тешко дека бриџот ќе биде прифатен во скора иднина, освен ако не смислат начин да го играат „пофизички“.

- Реклама -