Не играаам, не играам!

Гевин Ганинг, дефанзивецот на Данди Јунајтед го направи, можеби најбизарниот потег оваа сезона.

Имено, неговиот тим губеше со 2:0 на домашен терен, а Ганинг сигнализираше дека е повреден и побара да биде заменет. Кога му беше кажано да се врати во игра додека резервниот играч не се подготви, тој се врати, го почека соиграчот да му ја додаде топката и едноставно се наведна, ја зема во раце и излезе од теренот.

Околу последиците… Ганинг не доби жолт картон, си ја доби замената, а богами и отказот од клубот.

- Реклама -