Управата на ФК Трабзон одлучи да воведе ред и да го казни секој што го уништува стадионскиот инвентар на својот нов стадион Медикал парк арена. Веќе се најде и првиот кандидат. Навивачот е снимен како стои на столчето.
Управата на турскиот клуб е децидна: Сега, за казна, навивачот мора да испере 10.000 столчиња.
„Не се шегувавме кога рековме дека ова е наш нов дом. Дали дома скокате со патики по мебелот?“ – им порача клубот на своите навивачи.
„Виделе дека стојам на столчето, па ме казнија. Ние плаќаме влезници, но тоа не може да купи нови столчиња. Трабзон е наш, мораме да го заштитиме“, гласеше изјавата на брзо превоспитаниот навивач, кој остана анонимен.