Ентериерот е сосема друга приказна. Овој конкретен Ролс Ројс „Phantom I“ го нарекуваат „палата на тркала“ и е еден од најпрефинетите британски автомобили некогаш направен. Наскоро е закажана аукција на која се очекува да се продаде најмалку за околу 700.000 фунти (нешто повеќе од 850.000 долари).
Бил направен во 1926 година, по нарачка на финансискиот директор на Woolworths’ (компанија за волна) – Кларенс Гаске, кој сакал да ја изненади својата сопруга со уникатен подарок. За да се осигура дека ќе биде импресионирана, Гаске неограничено го одврзал ќесето, а како резултат на тоа, само задните седишта на автомобилот чинат повеќе од еден просечен дом.
Гаске (инаку лондонски Американец) ги купил каросеријата и осовините од Rolls-Royce за 1.600 фунти. Потоа го дал автомобилот на Чарлс Кларк – тогаш прочуен изработувач на пајтони од Волверхамптон, предводен од извесен г-ин Барнет, со единствено барање дизајнот на автомобилот да биде француски. Немајќи инспирација, Барнет го посетил лондонскиот Victoria and Albert музеј – (и денес) најголемиот музеј на светот, како што стои на официјалната страна. Инспирацијата му светнала кога Барнет налетал на седиште од седан кој некогаш ѝ припаѓал на Марија Антоанета, што ќе резултира со ангажирање на повеќе занаетчии и уметници од Aubusson, Франција. Заедно со Барнет, тие потрошиле повеќе од 9 месеци, и тоа само за да го сработат тапацирот на задното седиште, кој тогаш чинел околу 500 фунти (многу пари за тоа време).