Навидум неважна куќарка, но под неа се крие последната надеж на човештвото

На површината нема ништо импресивно. Под површината, пак, можеби лежи клучот за опстанок на човештвото. Оваа незабележителна куќарка е всушност влезот во „Ноевата Арка за семиња“, сместена длабоко во дебелиот пермафрост на сибирската област, попрецизно Јакутск – најстудениот град на планетата.

inside%20fence%20and%20a%20house[1]

Џиновскиот природен „замрзнувач“ ќе служи како сеф за презервација на голем дел од изворите на храна на Земјата – преку 1.5 милион разни видови на семиња ќе бидат сместени во запечатени стаклени контејнери – семиња кои би биле последната надеж за вегетативна репопулација на Земјата во случај на апокалиптично сценарио, било нуклеарна војна, удар од метеор, климатски промени и сл.

23A8287C00000578-2857114-image-9_1417511696203[1]
Една од пештерите во пермафростот на Јакутск.

Семињата имаат „рок на траење“ од околу 100 години, а за тоа ќе се погрижат ледените температури на сибирското подземје, без помош од никакво дополнително вештачко ладење.

„Проектот не користи никаква машинерија, струја, или гас. Единствено се потпира на природниот студ, па трошоците за оперирање и одржување се минимални“, вели Георги Кузмин, водечки истражувач на Пермафрост институтот, дел од сибирскиот огранок на Руската академија за науки.

desktop-1417559757[1]

„Ноевата Арка за семиња“ е всушност екстензија на еден веќе постоечки сеф во областа Јакутија, кој започна со функција во декември 2012-тата. Тогаш почетно беа складирани околу 11.000 видови семиња на зрнести растенија, главно со потекло од сибирскиот регион, на температура од -7° Целзиусови, на длабочина од 12 метри. Денес, во објектот се сместени околу 100.000 видови на семиња, од целата територија на Русија. Со проширувањето што сега е во изградба, тој ќе стане најголема и уникатна презерваторија во светот. Целокупниот проект чини околу 3.5 милиони евра.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

desktop-1417559757[1]

Не е новост дека земјите чуваат залихи од нивните семиња, за во случај на поголеми природни катастрофи. Постои слична складирачка лабораторија во Свалбард, Норвешка, но покрај на пермафростот, таа дополнително се потпира и на вештачки техники за ладење, со цел да се симне температурата на -18° Целзиусови. Според руските научници, токму тоа ја прави помалку безбедна, бидејќи потенцијален прекин на електричната енергија би претставувал ризик за одржувањето на студената температура.

desktop-1417559755[1]

Глобалното затоплување е уште еден проблем – растот на температурата би можел да го стопи норвешкиот пермафрост, нешто што не е можно да се случи во Јакутск.

„Кога глобалните температури ќе пораснат за 5°C, глечерите на Свалбард ќе се стопат. За да се стопи пермафростот во Јакутија, температурите треба да пораснат за 20°C“, вели Николај Гончаров од Институтот за цитологија и генетика на Новосибирск.

desktop-1417559754[1]

„Имаме вечен, еколошки систем, кој не може да биде погоден од никакви катастрофи“, додава професор Борис Кершенголц, заменик директор на Институтот за биолошки проблеми, во Јакутск. „Најважно е што при експериментите, откривме дека семињата складирани во пермафростот, на температура не пониска од -10 степени, не само што ја задржуваат безбедноста и отпорноста, туку и безбедноста на генетскиот апаратус, без мутации“.

- Реклама -