Децата биле во право цело време – училишните часови навистина почнуваат прерано.
Истражувањето на Американската академија за педијатрија покажува дека учениците не треба да почнуваат со часови порано од 8.30 часот наутро (училишниот ден за американските деца почнува во 7.45 часот).
Објаснувајќи ги заклучоците, д-р Џудит Овенс – специјалист по медицина на спиењето во Детскиот национален медицински центар во Вашингтон, вели: „Истражувањето јасно покажува дека кај адолесцентите што добиваат доволно сон има намален ризик од гојазност или страдање од депресија, помали се шансите дека ќе бидат вмешани во автомобилски несреќи, имаат подобри оценки, подобро поминуваат на стандардизирани тестови и воопшто, таквите деца имаат подобар квалитет на живот“.
Студиите покажуваат дека одложувањето на стартот на наставата до (условно речено) подоцнежните часови е клучен фактор што може да им помогне на адолесцентите да ја добијат потребната доза сон за да можат правилно да растат, да се развиваат и да учат.