Група научници советуваат да се ослободите од градникот ако сакате да имате поцврсти и побујни гради.
Да, токму така. Во најновата француска студија се открива дека женските гради во делот на брадавиците се подигнуваат за околу 7 милиметри кај оние жени што не носат градник.
Објаснувањето е дека градникот го спречува растот на потпорното ткиво на градите, што резултира тие да виснат многу побрзо – тотално спротивно од основната намена на градниците и ефектот за кој досега верувавме дека го имаат.
„Медицински, физиолошки и анатомски – градите немаат никаква корист од тоа да ги лишите од гравитација. Напротив, стануваат помлитави кога носите градник“, вели Жан-Денис Руилон, специјалист по спортска медицина и предводник на студијата. Уште од 1997-ма, тој ги проучуваше градите на 330 волонтерки на возраст од 18 до 35 години, водејќи евиденција за промените настаните со стареењето.
За жал, студијата се фокусира на младите жени и нема многу аргументи што би требало да убедат 45-годишна мајка, на пример, да се ослободи од градникот.