Истражувањето спроведено од страна на научниците од универзитетите Де Монтфонт и Улстер, спроведено врз 571 лица на возраст меѓу 17 и 25 години, покажува дека луѓето кои имаат сестра (наводно) се посреќни и со пооптимистичен поглед кон иднината, ама и со поурамнотежен живот.
Тие со сестра се и емотивно постабилни, бидејќи жените ги охрабруваат разговорите околу емоциите што, според научниците, позитивно влијае на менталното здравје.
Тони Кесиди, еден од професорите кои помогнаа да се реализира студијата, вели дека сестрите поттикнуваат отворена комуникација и кохезија во семејството… Ама и дека браќата имаат спротивен ефект.
„Истражувањето на емоциите е важно за доброто психолошко здравје, а сестрите во семејството влијаат на тоа. Момчињата/момците по природа не зборуваат многу за своите емоции“, вели Кесиди. „Девојките, од друга страна, се склони кон тоа“.
Претходно и истражувачите од универзитетот Brigham Young покажаа дека сестрите нè прават подобри личности. Ама хеј, не е сè така црно ако имате брат. Истиве овие истражувачи велат и дека да се има брат си има многу предности (не и кохезија во семејството, очигледно).