Едно ново истражување покажува дека повеќекратното растење на заби од еден корен е остварливо. Откритието влева надежи дека луѓето ќе научат како да ги регенерираат забите.
Во истражувањето објавено во журналот Nature, научниците од институтот RIKEN и нивните соработници од Универзитетот по медицина и стоматологија во Токио, посочуваат дека нивната „технологија за регенерација на забите е базирана на поделба на забните никулци“ и одделување на посебна зона за формирање на заб, преку примена на механичка сила.
Во превод, се работи за промена во функцијата на забниот никулец, кој претставува минијатурен зачеток во коренот и кој преку протеините пренесува инструкции до клетките, за да се групираат и формираат заб.
Научниците експериментирале со разделување на забни никулци од лабораториски глувци. Во рамките на експериментот, тимот успеал да одгледа цела група од здрави заби.
Ефикасноста на техниката засега е докажана само при тестирања врз животни. Сепак, достигнувањето е ветувачко и има потенцијал радикално да ја промени стоматологијата.