Научници на NASA сметаат дека на Марс има живот

Речиси сигурно е дека на Марс има вода – длабоко под површината, а можноста таму да постои живот воопшто не е мала.

За жал NASA не изгледа премногу заинтересирана од пребарувањето на живи организми – наместо тоа, организацијата се занимава со истражување на услови кои можат да поддржуваат живот, како и пребарување на траги од одамна исчезнал живот.

Сепак група научници, многу од кои работат за NASA, сметаат дека Агенцијата треба да преземе многу директен пристап и да ги земе работите во свои раце.

“Додека во моментов мисиите на NASA бараат докази за живот во далечното минато на Марс, не е планирана ниту една мисија која да бара живот сега”, објаснуваат научниците. “Ние веруваме дека ова е грешка. За да најдеме живот на Марс, треба да бараме во сегашно време “.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Една од главните технички бариери за ова е дизајнирањето и создавањето на потребната опрема, со која астронаутите ќе можат да навлезат доволно под површината. Curiosity беше првиот апарат кој успеа да земе мостри едвај од пет сантиметри длабочина. Според научниците, за да се бара живот на Црвената планета, мора да копа многу подлабоко. Меѓутоа, тешко е да се дизајнира уред, кој ќе биде доволно компактен за да го новиот теренец за Марс.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -