Тим од Истражувачкиот центар за оптоелектроника на Универзитетот во Саутемптон (ORC) објави дека револуционерниот формат за складирање податоци може да се користи за складирање на геномите на загрозените растителни и животински видови кои се соочуваат со исчезнување.
Портпаролот на универзитетот објасни дека за разлика од другите формати за складирање податоци кои деградираат со текот на времето, кристалите со 5D меморија можат да складираат до 360 терабајти информации без загуба во текот на милијарди години, дури и при високи температури.
Во 2014 година, овие кристали влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најиздржлив материјал за складирање податоци.
„Кристалот е сличен на споениот кварц, еден од хемиски и топлотно најиздржливите материјали на Земјата на Земјата. Може да издржи екстремни смрзнувања и температури до 1000 степени Целзиусови. Кристалот може да издржи и директна сила на удар до 10 тони на cm2 и не е под влијание на долгата изложеност на космичките зраци“ изјавија од Универзитетот.
Тимот од Саутемптон, предводен од професорот Питер Казански, користеше ултра брзи ласери за прецизно запишување податоци во нано-структурирани шуплини ориентирани во силикон – со големини од 20 нанометри.
„За разлика од означувањето само на површината на 2D парче хартија или магнетна лента, овој метод на кодирање користи две оптички димензии и три просторни координати за пишување низ целиот материјал – оттука и „5D“ во името“, рече портпаролот.
Професорот Казански открива дека во моментов не е можно синтетички да се креираат луѓе, билки и животни користејќи само генетски информации, но долговечноста на 5D кристалот значи дека тие информации ќе бидат достапни доколку некогаш се постингне овој напредок.
„Кристалот со 5D меморија отвора можности за други научници да креираат вечно складиште на геномски информации од кои би можеле да се обноват сложени организми како растенија и животни, доколку науката го дозволи тоа во иднина“, додаде тој.
Кристалот е зачуван во архивата Memory of Humanity – специјална временска капсула во солена пештера во Халштат, Австрија.
Извор: Н1