Научна фантастика денес: Американците ќе пукаат со ласери

Американската морнарица соопшти дека прототипот на нивниот ласерски систем (Laser Weapons System – LaWS) е подготвен за употреба. Следново лето, американските бродови во Персискиот Залив, од типот USS Ponce, ќе бидат опремени со ласери со способност да соборат летечки дронови, глисери и бродови што се со километри оддалечени.

Не само што тоа ќе значи голема предност во потенцијална воена ситуација, но и од економски аспект – на ласерите им е доволна енергија од само 30 киловати за да работат, но и не повеќе од еден човек за да ракува со нив. Денес, на пример, едно испукување ги чини Американците околу 1.4 милиони долари, како што соопштува Discover Magazine.

Прочитајте и:  Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија

Ласерите не работат баш најдобро во услови на дожд или облаци, но во комбинација со потенцијално оружје за манипулирање на времето не би требало да имаат сериозни проблеми.

Следното видео е снимка од последните тестирања на ласерот, во која ќе имате можност да видите како оружјето урива беспилотно летало:

Вака нешто би требало да изгледаат монтираните ласери:

laser1 laser2 laser3

- Реклама -