Натпреварот меѓу Шкотска и Израел доцнеше поради демонстрант кој се врзал за статива

Квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2025 година на „Хампден Парк“ се одржа без публика поради најавениот протест против израелската офанзива на Појасот Газа. Стотици демонстранти се собраа пред стадионот со палестински знамиња.

Еден од нив облечен во маица со натпис „Црвен картон за Израел“ успеа да влезе на теренот и со синџир се врза за стативата.

Демонстрантот беше отстранет, но натпреварот, во кој Шкотска победи со 4:1, доцнеше половина час.

атпреварот помеѓу женските репрезентации на Шкотска и Израел во Глазгов беше одложен половина час откако демонстрант се врза со синџири за стaтивата

- Реклама -