Натпреварот Германија-Шкотска го следеле над 22 милиони телевизиски гледачи


Воведниот натпревар на Европското фудбалско првенство во Германија во петокот меѓу Германија и Шкотска, во кој „Маншафт“ победија со 5:1, привлече 22,49 милиони гледачи на германскиот јавен сервис ZDF.

Оваа бројка ги надмина 17-те милиони гледачи кои ги следеа натпреварите меѓу Германија против Шпанија и Костарика за време на Светското првенство во Катар 2022 година. Во 2022 година, најдобра гледаност од 18 милиони гледачи постигна женската репрезентација во финалето на ЕУРО против Англија.

За време на последното ЕУРО 2021, четири од натпреварите на Германија надминаа 20 милиони гледачи, со максимум од 27,36 милиони за осминафиналето каде германската репрезентација загуби од Англија.

- Реклама -