Со појавата на мобилното кино во Гана во почетокот на 80-тите, се јавил и проблемот за промовирање на филмовите. Бидејќи операторите немале пари за оригинални постери, решиле сами да ги насликаат.
Со доаѓањето на видео касетата за време на 80-тите во Гана била направена дистрибуција на локално ниво, со што се создало мобилно кино.
Ова мало мобилно кино било опремено со оператор, телевизор и видео, а понекогаш и портабилен генератор кој се селел од село во село.
Со цел да привлечат поеќе муштерии и како би го промовирале филмот, на операторите им биле потребни големи постери. Поради големата цена на оригиналните постери, тие биле приморани сами да ги насликаат. На помош дошле локалните уметници кои на големо парче платно ги цртале главните јунаци, гледајќи главно од сцените во филмот.
До крајот на 90-тите мобилното кино го живеело својот крај поради големата распространетост на телевизијата во Гана.
Сепак, голем дел од овие постери биле зачувани и денес може да се видат единствено во музеј или во интернет продавниците.