Умре „вистинскиот наследник“ на британската круна

Мајк Хејстинг, возач на виљушкар, денес беше погребан во градчето Џерилдери, Нов Јужен Велс, на 750 километри југозападно од Сиднеј. Според историчарите, тој требало да живее во Бакингемската палата.

Хејстингс, којшто на 30 јуни почина, на возраст од 71 година, е роден во Англија, во аристократско семејство, како 14-от Ерл од Лудун. Во 1960 година, тој се преселил во Австралија, во потрага по авантура и возбуда. Животот навистина му стана возбудлив во 2004 година, кога британската телевизија Канал 4 снимаше документарен филм за кралското семејство и потрагата по вистинскиот наследник ги одведе токму во неговиот дом.

Според документите што авторите на документарниот филм ги пронашле во Франција, кралот Едвард IV, кој со куси прекини владеел од 1461 до 1483 всушност не бил легитимен наследник на тронот. Таткото на Едвард, Ричард од Јорк, се борел против Французите во времето кога тој бил зачнат, а неговата мајка била на 200 километри оддалеченост, во Руен, наводно во прегратката на некој стрелец.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Доколку ова е точно, круната требало да му припадне на помалиот брат на Едвард, Џорџ, кој пак е директен предок на починатиот Хејстингс. Но, Хејстингс никогаш не направил напори да ја побара својата круна, ниту пак да извлече некаква финансиска добивка. Ниту неговиот син Сајмон, 15-от Ерл од Лудун не најавува некаква акција во брзо време. [‘Rightful heir’ to British monarchy dies in Australia]

- Реклама -