Новиот уникатен електрооптички систем би требало да обезбеди максимална заштита за руските тенкови и другите оклопни борбени возила од прецизните противтенковски проектили, формирајќи „непробојна“ димна завеса.
Системот, развиен од концернот за развој и производство – Електромашина, е поставен на тенковите Армата, како и на оклопните возила Курганец и Бумеранг. Работи така што ги открива ласерските зраци или наближувачките проектили, и испалува посебни димни гранати кои практично го прават борбеното возило невидливо како за голо око, така и за инфрацрвените зраци.
„Системот моментално е на теренски тестирања, а очекуваме дека тоа ќе заврши пред крајот на годината“, изјави претставникот на Министерството за одбрана.
Во сржта на овој нов систем лежи компјутер кој ги пресметува оптималните патеки на димните гранати, со цел да обезбеди максимална покриеност на возилата со дим, додека истовремено му овозможува на екипажот без тешкотија да отвори оган на непријателот.
Истовремено, системот ќе располага со способност да ги попречува и американските уникатни самонаведувачки противтенковски проектили Javelin.
„Javelin е единствен систем во светот со 100% самонаведувачки проектили, кои ја калкулираат својата траекторија на основа на видливата силуета на метата, како и нејзиниот топлотен потпис. Штом се приближат до метата, проектилот се крева па удира надолу, со цел да го пробие горниот дел на возилата каде оклопот е најтенок“, објасни преставникот на Министерството.