Наскоро: Компјутерите ќе работат на светлина и ќе бидат илјадници пати побрзи

Електроните во компјутерите да ти биле како баба што трча штафета – ги успоруваат нештата илјадници пати.

Новите суперкомпјутери наскоро би можеле да процесираат податоци илјадници пати побрзо отколку во моментов – користејќи светлина наместо електрони.

Тим од инженери на универзитетот во Јута, смета дека „фотонските“ направи ќе се покажат како огромен технолошки скок, а според нив, можеме да ги очекуваме веќе за три години.

Професорот Раџеш Менон вели: „Светлината е најбрзото нешто што можете да го користите за пренос на податоци. Но, таа информација мора да биде конвертирана во електрони, кога се работи за вашиот лаптоп. При таа конверзија, нештата се успоруваат. Идејата е сé да се направи преку светлина“.

Прочитајте и:  Како едно погрешно ажурирање ги сруши компјутерите низ светот?

Таквите суперкомпјутери би биле илјадници, ако не и милиони пати побрзи од денешните. Клучот на успехот на ваквата визија е да се изгради „зракоразделник“ – направа која би распределувала мали светлосни бранови. Милиони вакви направи би можеле да бидат вградени во компјутерскиот чип.

Научниците исто така очекуваат дека ваквиот пренос на податоци би имал значаен ефект врз животот на батеријата, што би значело дека овие „светлосни“ компјутери ќе работат многу подолго со само едно полнење.

- Реклама -