Насип кој бил создаден за да спречи наплив на вулканска кал по ерупцијата на планината Токачи во 1989 година станал една од најпривлечните туристички атракции во Јапонија.
Власта за Развој на Хокаидо го создала насипот од бетонски блокови за да го спречи проширувањето на вулканската кал преку прекрасните Биеи ридови. Денес, повеќе од 20 години подоцна, насипот кој се наоѓа на реката Токачи е прекрасно идилично место кое привлекува посетители од целиот свет.
Најнеобичниот аспект на насипот, кој го добил името „Сино езерце“ е неверојатната сина боја на водата. Не е познато што е причината за аквамарин бојата, но постои верување дека алуминиумот во водата создал колоид – раствор на миксроскопски честички – кој ја одбива сончевата светлина на специфичен начин.
Глетката е уште понеобична поради неколкуте брези кои никнале во насипот и сега драматично излегуваат од водата. Целото езеро замрзнува во зима што значи дека туристите генерално го посетуваат насипот во лето. Вулканот Токачи претходно еруптирал во 1926 година и убил 144 луѓе, закопувајќи две села. Вулканот сè уште е активен.