Нашол 10.000 јена под перница, па се жалел на нехигиена

hotel[1]

Нормален човек да најде 10.000 јена под перница во хотелската соба, ќе ги потроши на пиво, за да си прослави. Ама кога истото му се случи на Лу Ганг од Кина, тој бил бесен. Наместо да се порадува, овој фатил да се жали на нехигиена.

Парите ги нашол додека се пакувал да го напушти хотелот, при последната проверка на собата. Следниот чекор му бил да се пожали кај менаџерот дека е несреќен и незадоволен од негрижата на хотелскиот персонал, кој според него, не ја чистел собата исправно. Овие пак се правдале дека мислеле дека парите се негови (баш се нелогични, а?). Потоа била повикана полиција, која нормално, ги преземала парите за да му ги врати на правиот сопственик (како не).

Во меѓувреме, Лу изјави: „Парите не беа мои, а беа под перницата на која спиев. Очигледно е дека чистачките не ја работат својата работа. Во овој случај, не ја промениле навлаката на перницата. Површински сé изгледаше во ред, но како можете да ми гарантирате дека креветот е исчистен по сите стандарди? Зар не е секојдневна рутина на хотелот да го мести креветот и да менува постелнини?“.

И персоналот и полицијата пробувале да го смират со пофалби – дека е чесен и слично, ама Лу бил премногу вознемирен и во глава единствено му се мотало на што всушност спиел сите тие неколку часа.

Инаку 10.000 јени се околу 80 евра. Можеби Лу планира да го тужи хотелот и да земе повеќе? Можеби е намештаљка? Во тој случај, Лу е едно големо гомно од човек. Во спротивно, ако неговата побуна му е искрената реакција, Лу е уште поголемо гомно од човек.

ПС. И да не ја шерувате статијава накај Кина, да не јадеме и ние некоја тужба. Фала.

- Реклама -