Богатите деца на Инстаграм се враќаат во училиште по три месеци поминати во долги забави, и „цедејќи“ ја кредитната картичка на тато со 500 илјади долари лимит.
Безобразно богатите тинејџери (најбогатите во светот) се враќаат назад во училиште по лето поминато во луди забави во екстравагатен стил.
Од релаксирачки на приватни јахти од милион долари до пренесување на Ферарито на брод до Хамптон, богатите деца на Инстаграм (Rich Kids of Instagram) се документираа себеси во секој момент на уживање на социјаните медиуми.
Повеќето од сликите покажуваат колку пари- или во повеќето случаи, нивните родители- имаат да фрлат: „Можеби оваа може да работи…“, напишала Алек Стајнберг под сликата на неговата American Express кредитна картичка, на која неговиот татко ја променил од „без ограничувања“ на лимит од 500.000 долари (изгледа овој е „строг“ татко).
Погледнете како „беснеат“ богатите деца кои очигледно не ја знаат вистинската вредност на парите…