НАСА му дала 18.000 долари за да лежи 70 дена – искуството, болно!

Кога пред две години се јавил на оглас на интернет, во кој Американската вселенска агенција НАСА нудела 18.000 долари за човек кој ќе лежи во кревет 70 дена, Дру Иванички мислел дека тоа е работа од соништата.

Меѓутоа, се испоставило дека задачата не е ни најмалку пријатна, дури и премногу болна.

Како што пренесуваат странските медиуми, 28 годишниот Американец учевствувал во експериментот “Bed-Rest-Study” каде научниците од НАСА се обидувале да дознаат како човечкиот организам, особено коските и мускулите реагираат во вселената.

Иванички го започнал експериментот во август 2014 година:

„Никогаш не сум лежел во болница, така што ова искуство ми беше сосема непознато. Самиот факт дека не смеев да седнам, го правеше сево ова уште поекстремно. Физички беше премногу болно: телото не е навикнато да биде испружено толку долго време.“.

nasaexp

Волонтерот бил приморан 70 дена да лежи во кревет чиј што долен дел бил подигнат за шест спетени, со цел нозете да му бидат повисоко од главата. Најлошо се чувствувал во првите неколку дена:

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

„Имав ужасни главоболки, ме болеа коските. Тешко беше да се биде постојано во хоризонтална положба бидејќи р‘бетниот столб лошо го поднесуваше притисокот на внатрешните органи“.

Иванички секоја вечер морал да заспива во 22.00 и наутро да се буди во 06.00 часот. Во текот на денот не му било дозволено ни да задреме.

Физиолошките потреби, како и капењето ги извршувал во лежечка положба. Исто така, јадел во креветот, а она што не му се допаѓало најмногу од сè било тоа што морал секогаш без исклучок да изеде сè од чинијата.

Што се однесува до исплаќањето, добил 17.800 долари за вкупно 108 дена во кои е опфатено лежењето во кревет, но и времето поминато за враќање во нормалниот живот.

На сумата морал да плати данок од 5.000 долари.

- Реклама -