NASA ќе чисти отпад со ласери

отпадNASA размислува да користи ласери за да го расчисти вселенскиот отпад кој орбитира околу Земјата за да го спречи оштетувањето на сателитите. Ласери слични на оние кои се користат за сврзување метал во фабрики за автомобили би биле испукувани низ телескопи за да ги „турнат“ парчињата ѓубре останати во орбитата.

Бавното движење би спречило турнатите парчиња отпад да се судрат со комуникациските сателити или Меѓународната Вселенска Станица. Овој процес би можел да помогне во спречувањето на таканаречениот „Кеслер Синдром“ – преголема количина на отпад во орбитата која би го направило орбитирањето невозможно со што ние би останале заробени на планетата.
отпадNASA повеќе од 30 години предвидува ваква ситуација. Сега тимот предводен од Џејмс Мејсон од NASA тврди дека нежното туркање на ѓубрето од орбитата е најдоброто решение. Теоријата е дека фотоните од ласерските зраци имаат мал импулс кој, под соодветните услови, би можел да го турне предметот. Преку насочувањето на ласерски зрак во одредено парче ѓубре неколку часови би било возможно да се промени неговиот курс за 198,12 метри во ден.

И иако тоа не би било доволно предметот да се отстрани од орбитата, би било доволно да се намали ризикот за судир со сателит или вселенска станица. Оваа теорија претставува нов пристап кон проблемот за разлика од претходниот план за користење воени ласери за уништување на ѓубрето. За новиот проект е потребна опрема која чини само околу 800.000 долари, споредено со далеку поскапите воени ласери. За проектот дури би можеле да бидат искористени веќе постоечки телескопи, со што дополнително ќе се намали цената. [NASA to use lasers to shoot space junk around Earth]

- Реклама -