Народен лек за проширени вени

Проширените вени се болест на површинскиот венски систем.Ви претставуваме три најефикасни методи од руската народна медицина, за лечење на проширените вени.

Масло од лук

Навечер малку истријте масло од лук на местата каде што се појавиле проширените вени, ставете најлонска кеса, и замотајте ги нозете со завој или некоја топла ткаенина. Наутро измијте ги нозете и облечете панталони или хеланки кои ќе ја одржуваат топлината на нозете.

Јаболков оцет

Натопете парче памук со  јаболков оцет и внимателно истријте на проблематичните делови. Третманот би требало да се направи минумум два пати во денот – наутро и навечер. После еден месец, резултатите ќе бидат видливи.

Чај од коприва

Лажица свеж лист од коприва прелејте ја со 200 милилитри вода и варете на тивок оган, додека водата на зоврие. Оладете го чајот, процедете и пијте три пати во денот пред јадењето. Овој третман треба да го практикувате најмалку шест месеци.

- Реклама -