Ненад Петровиќ од Белград стана жртва на Интернет измама.
Момчево преку стрницата kupujemprodajem.com нарачал notebook што го платил 12,100 динари, а наместо компјутер на домашна адреса му стигнало парче дрво што тежело над еден килограм.
„Пакетот ми стигна еден ден откако нарачав notebook. Кога го отворив видов дрво. Веднаш го однесов во пошта за да им објаснам дека сум измамен и да ги стопираат уплатените пари. Пакетот го отворив пред еден другар и тој ми рече да повикам полиција. Го направив тоа, а од пошта ми рекоа дека не успеале да направат ништо и дека парите се проследени“, раскажал.
Измаменото момче се обратило и до страницата каде што го нарачало уредот.
„На страницата нема телефонски број, само email. Огласот преку кој го купив notebook-от е тргнат, а два часа откако оставив коментар за измамата и тој беше отстранет“, објаснил Петровиќ.
И за неверојатен крај на приказната во меѓувреме на Петровиќ му се јавил човек кој му го продал „копмјутерот“ и му рекол дека ќе му ги врати парите.