Куќите на оваа листа имаа не само историска и архитектонска важност, тие фасцинираат и затоа што во нив живееле некои од најголемите злосторници во историјата на Земјата. Некои од овие резиденции сè уште стојат, некои се дури и одржувани, а другите пропаѓаат. Еве ретка шанса да ѕирнете внатре и можеби да ве полазат морници.
Куќите на оваа листа имаа не само историска и архитектонска важност, тие фасцинираат и затоа што во нив живееле некои од најголемите злосторници во историјата на Земјата. Некои од овие резиденции сè уште стојат, некои се дури и одржувани, а другите пропаѓаат. Еве ретка шанса да ѕирнете внатре и можеби да ве полазат морници.
Често нарекувана „Дворот на Црвениот Цар“, ова е целосно зачуваната куќа на Јосиф Сталин, во која тој се преселил по самоубиството на неговата втора сопруга. Таа се наоќа во средината на Москва, на само десет минути од Кремљ, и постојат гласини дека овие две градби се поврзани со подземна железница.
Во оваа мрачна структура сигурно има многу духови и непријатни спомени, до тој степен што дури и членовите на КГБ не сакаат да ја посетат: никој не смее да влезе. Местото сè уште се третира како „врвна тајна“, „недостапно“ и „под контрола“, 57 години откако Сталин умрел таму.
Според сеќавањето на ќерката на Сталин, Светлана Алилујева, оваа куќа била полна со другари и партиски шефови и дење и ноќе, најчесто ноќе. Неверојатно долгите оброци некогаш траеле до четири часот наутро. И за време на овие чудни „гозби“ се дискутирало за многу политички и безбедносни прашања.Тепихот во трпезаријата е специјално направен по нарачка во Иран, и за негово завршување биле потребни 10 години. Според одредени извори, тепихот чини повеќе од милион долари, и најверојатно е најскапиот тепих на сите времиња.
Импозантната структура има високи тавани, и е сместена сред совршено одржувана шума и градини (Сталин сакал уредна, одржувана природа и често ги одржувал растенијата лично). Меѓу интересните предмети во оваа резиденција: сет од кристални маси, направени во облик на планираниот облакодер Палата на Советите, и најновите модели на грамофон и радио. Грамофонот бил подарок од Черчил, и имал систем за автоматско менување плочи.
Во куќата нема речиси ниедно огледало. Сталин имал чудна навика, сакал да живее во „соби капсули“ – соби за сите намени, во кои можел да спие, јаде и работи се во еден простор. Тој поминувал по една недела во ваква соба, а потоа се преместувал во следната, речиси идентична. Ова е причината што куќата е полна со речиси идентични соби со идентичен мебел.
Лавренти Берија бил раководителот на Советската Тајна полиција (НКВД, подоцна КГБ) и најблискиот соработник на Сталин по војната. Тој е лично одговорен за организирање и планирање (под будното око на Сталин) на политичкиот терор се назамислива големина, кога милиони советски граѓани биле испратени во затвор, многу од нив стрелани како предавници и целата држава била вратена во средновекевен ужас.
Оваа куќа била живеалиште на братот на Осама бин Ладен во Флорида. Осама бил чест посетител. Речиси 7 хектари површина, 1,5 милиони долари, изградена во дваесетите години од минатиот век.
Нема многу што да се зборува за куќата. А причината поради која е напуштена. Според некои извори, американската влада му помогнала на сопственикот заедно со неговата фамилија да ја напушти земјата по настаните од 11 септември 2001.