Напуштен луксуз

Во напуштен хотел во Бали денес живеат само духови.

Бали е познат како луксузна туристичка дестинација која влегува на листите на љубителите на сурфањето, плажата и океанот. Но некои туристи се упатуваат кон индонезискиот остров на боговите за една авантура од различен вид – посета на еден напуштен луксузен хотел, за кој локалните жители веруваат дека е проколнат.

2(1872)

Ghost Palace Hotel, или Bedugul Taman Rekreasi Hotel & Resort се наоѓа во централните планини на Бедугал, на 50 километри од Кута. На видео направено од турист и прикачено на YouTube, може да се види луксузен хотелски комплекс со голема сала, масивни трапезарии, неверојатни спални соби и голем панорамски поглед. Тој сепак се руши, а терасите започнува да ги зафаќа вегетацијата. Во една од собите пак лежат пар апостолки – морничав знак на живот од минатите времиња.

Просторното одморалиште е изградено во 1990 година и веќе со децении е напуштено од непознати причини.

5(1327)

Овен што е мистерија изградбата,  мистерија е и името на неговиот сопственик – некои тврдат дека тој е изграден од член на индонезиското кралско семејство, додека други типуваат на Томи Сухарто, син на починатиот претседател Сухарто.

Друга теорија сугерира дека Ghost Palace Hotel е сопственост на корумпиран бизнисмен кој дошол до банкрот.

Кој и да е сопственикот, јасно е дека тој имал амбициозни планови за ова место, кое очигледно е наменето за луксузно прибежиште за богатите. Според локалните сепак денес тоа е проколнато и го прогонуваат духовите на работниците кои загинале при изградбата.

- Реклама -