Направил соларен панел базиран на лименки пиво

Дарко Миличевиќ – информатичар и математичар од Парачин, Србија, има направено соларен панел од лименки пиво. Дури и кога надвор температурата е -5°C, панелот грее со топол воздух.

Се работи за мал панел, бидејќи е во експериментална фаза, па нема доволно моќ целосно да го загрее домот, но Миличевиќ тврди дека „стварта дефинитивно функционира“, ама и дека дефинитивно помага.

„Минатата зима барав алтернативни начини на греење на интернет. Најдов многу различни идеи, а оваа ми го привлече вниманието бидејќи ми се виде прилично едноставна. Купив иверка, стиропор за изолација, боја, силикон… Правев паузи, па проектот траеше неколку месеци додека не скоцкав сé како што треба. Пред зимово, плочата ја монтирав на јужниот ѕид на куќата, бидејќи таму сончевите зраци се најсилни“, раскажува Миличиќ за српски Телеграф.

Системот за греење со помош на конзерви функционира така што студениот воздух влегува низ отвор на панелот, а потоа, во добро изолираниот систем, се грее од сончевите зраци кои удираат во лименките, објаснува професорот.

„Почнав така што направив рамка од иверка, со димензии метар на метар. Така направениот рам го изолирав со стиропор од 3 сантиметри, а сé тоа го заштитив со црна фолија. Направив и лежишта за лименките, кои исто така ги офарбав во црно. Така подобро ја впиваат сончевата топлина. Панелот има 11 лименки во четири реда, што значи – вкупно 44. Не е скапо, зашто од материјалот најскап е плексигласот за заштита. Тој чини околу 2.500 динари (1.200 и кусур денари) и се става на предната страна, за топлиот воздух да не се губи од системот. Во трошокот не ги сметам испиените лименки пиво, така што овој систем чини околу 60 евра, без многу работа“, сумира Миличиќ.

Дека плочата е мала за сама да ја загрее куќата, потврдува и самиот сопственик. Но, Миличиќ извршил мерење на 31 декември, според кое панелот докажано помага во греењето.

„Тогаш надвор температурата беше -5° Целзиусови, а во мојата дневна соба влегуваше топол воздух со температура од 51.8 степени. Маана е што греењето работи само кога денот е сончев“.

 

- Реклама -