Направи сам: Едноставни и креативни плочки за во дворот и градината

Не ви требаат скапи и фенси плочки за да направите прекрасни степеници во градината и дворот. Сé што ви треба е тефлонска тава, која патем нема ни да ја оштетите.

Земете неколку стари порцелански садови, стаклени шишиња или керамички плочки, во зависност од дезенот што сакате да го добиете.

1

Ставете ги во платнена вреќа и искршете ги со чекан. Ако имате елмаз (ноже за сечење стакло), уште подобро. Со малку труд ќе ги добиете саканите парчиња.

2

Повторете го процесот сé додека ги добиете потребните големини.

3

Поставете ја тавата на самолеплива хартија, или уште подобро, самолеплива проѕирна фолија, и прецртајте ја. Потоа исечете го обележаното парче хартија и поставете го во тавата, со лепливата страна нагоре.

4

Наредете ги парчињата на лепливата хартија, со лицето на парчињата (т.е. дизајнот) кон дното. Притиснете ги добро, за добро да се залепат. Патем, оставете доволно, но не премногу простор помеѓу парчињата, за да може цементот да навлезе и да ги пополни празнините.

5

Ако сакате да направите ревизија, можете да ја извадите хартијата од тавата и евентуално да го поправите дизајнот. Ова ќе ви биде последната шанса за такво нешто.

6

Премачкајте ги вертикалните ѕидови на тавата со вазелин или друг подобен изолатор, за полесно вадење на готовата плочка. Сега замешајте го цементот, според инструкциите на вреќата. Кога ќе биде подготвен, истурете еден слој (до половина на тавата) врз наредените парчиња во тавата и рамномерно распределете го.

7

9

Во оваа етапа фино е да поставите метална мрежа, за подобра кохезија на цементот. Втиснете ја во првиот слој, а потоа дополнете ја тавата.

8

10

11

Оставете ја плочката да отстои околу 2 дена. Потоа само превртете ја тавата и потчукнете ја на дното. Плочката би требало лесно да излезе. Внимателно отстранете ја лепливата фолија/хартија.

12

Евентуалните дупчиња можете да ги пополните со цемент. Нерамнините избрусете ги со шмиргла за да добиете фина и мазна површина. Ако сте перфекционист, можете и да ја излакирате плочката.

13

Тoлку е. Добивте евтин и креативен степеник што прекрасно ќе изгледа во вашиот тревник.

14

Ако не ви се ризикува со произволни парчиња, постои и ваква варијанта.

15

- Реклама -