Сигурно барем еднаш во животот на своја кожа сте го почувствувале ефектот на „тигровата маст“. Од денеска, со наша помош мое да ја направите сами.
„Тигровата маст“ е крема против болки што се состои од едноставна мешавина на масла. Многу е ефикасна во отстранување на болките како и за подобрување на циркулацијата. Нејзини главни состојки се етеричните масла од камфор и еукалиптус, а на кожата даваат чувство на пецкање. Наменета е за болки во било кој дел од телото, како мускулите така и зглобовите, а помага и кај распираторните проблеми и главоболки.
Состојки:
10 капки етерично масло од еукалиптус
10 капки етерично масло од камфор или пеперминт
5 капки етерично масло од каранфилче
60мл екстра-девствено маслиново масло
15г восок
Подготовка:
Измешајте ги восокот и маслиновото масло и ставете ги да се загреат на пареа, на ниска температура. Мешајте со метална лажица додека восокот целосно не се стопи. Не користете дрвена лажица затоа што дрвото го впива маслото.
Кога восокот целосно ќе се стопи, тргнете ја мешавината од шпорет и измешајте ги во неа сите масла.
Сипете ја кремата во мали стаклени теглички и оставете ја да се олади пред да ги затворите.