Направете сами течна пудра по своја мерка

Течната пудра е основа за секоја квалитетна шминка.

Освен што и дава свеж изглед на кожата, совршено ги прекрива несовршеностите. Честопати е многу тешко да се пронајде нијансата која одговара на природната боја на тенот, а уште потешко е да се погоди вистинската структура која одговара на вашиот тип на кожа. Доколку сакате да бидете сигурни дека на својата кожа и го пружате најдоброто, направете си самите течна пудра.

Состојки:

Минерална пудра во прав во соодветна нијанса.

Омилената хидратантна крема за лице.

Четка за кармин или сенка.

Средство за нанесување на пудрата.

Подготовка:

Во сад ставете класична минерална пудра и класична хидратантна крема што најдобро одговара на вашата кожа. Со четка измешајте ги состојките неколку минути, односно се додека сосема не се создаде еднолична, кремаста смеса. Добиената течна пудра пресипете ја во мал сад со капаче како павловичева маст.

Добиената пудра има среден фактор на покривање, а доколку сакате поумерена варијанта која делува како тонирана крена, додадете повеќе хидратантна крема. Оваа пудра нема конзерванси, ниту други слични состојки и затоа е најдобро добиената доза да ја потошите за неколку дни. Миералната течна пудра ќе делува на кожата многу посмирено од класичната, а хидратантната крема ќе и ја пружи потребната влага.

- Реклама -