Направете паста против подочници од само две состојки

Подочниците се еден од најнепосакуваните но најчестите „додатоци“ на лицето, па со овој проблем секојдневно се борат голем број на жени во светот. Меѓутоа, на темните кругови под отечените очи можете да им ставите крај со оваа едноставна и евтина домашно приготвена крема. Во продолжение ви прикажуваме како да направите евтина паста против подочниците од само две состојки.

Потребни состојки:

– Свежи листови нане
– Маслиново или бадемово масло

Подготовка:

1. Измијте ги листовите нане и ставете ги во блендер. Додадете половина лажичка масло.

2. Се заедно добро измелете додека не се добие густа паста. Доколку правите поголема количина, тогаш подобро користете рачен миксер или блендер.

3. Пастата нанесете ја на подрачјето околу очите и оставете да делува околу 30 минути, па измијте го лицето со млака вода, а потоа нанесете хидратантна крема.

- Реклама -