Направете го ова за да бидете свежи секое утро!

На сите ни се познати beauty правилата: пиење многу течности, спиење по 8 часа, подалеку од шеќер, сол и од алкохол. Но, исто така, знаеме дека е тешко да се придржуваме кон нив.

Понекогаш ќе легнете доцна, ќе уживате во солена храна. Свежиот изглед понекогаш се чини недостижен. Но, за наутро да изгледате препородено, ви нудиме совети што треба да ги вклучите во секојдневната рутина.

Славните актери понекогаш снимаат и по 20 часа, а изгледаат одлично. Секако на услуга им се врвни стилисти, мејк ап артисти и нутрициониости, но и тие мора да направат нешто.

„Пред спиење пијат многу течности, не јадат слатко и солено и спијат на високи јастуци“, вели мејк ап артистот Тејлор Бабаин.

Cleaning-Makeup

Освен што се негувате одвнатре, пред да легнете да спиете убаво исчистете ја шминката и користете хранливи хидратантни ноќни креми што одговараат на вашиот тип на кожа. Кога ќе се разбудите наутро добро е да ставите капки, вештачки солзи, за да го намалите црвенилото на очите. Многу познати во очите ставаат капки за да имаат сјаен поглед. Но, за ова мора да се консултирате со лекар.

Прочитајте и:  12.000 долари за промена на бојата на очите - процедурата се попопуларна во САД

За да ја намалите отеченоста на очите, на капаците ставете ладни лажички кои преку ноќ сте ги оставиле во фрижидер или кесички камилица или црн чај кои сте ги свариле и оладиле.

Easy+Ways+to+Get+Rid+of+Puffy+Eyes1

Кога се туширате со топла вода поминете по лицето за да ја освежите кожата. Кога нанесувате крема на лице и околу очите направете лесна масажа која ќе поттикне циркулација.

 

- Реклама -