Бројот на милионери во Америка се удвои од 2012 година. Како?
Сè е во математиката и навиките па така и богатењето, тврди Џон Васик за списанието Форбс. Постојат четири едноставни правила кои мора да ги следите и со чија помош и вие ќе станете милионер кога ќе се пензионирате.
1. Штедете 10 до 15 % од својата плата- или повеќе
Што повеќе штедите, толку побрзо ќе станете милионер. Луѓето на кои Fidelity Investments правеле истражување 12 години, штеделе околу 14 отсто од својата плата и во просек заштедувале 13.000 долари годишно. Земајќи ја во предвид каматата, само во тој период заштедиле околу 170.000 доалри.
Совети како да заштедите по празниците
2. Инвестирајте во акции
Милионерите имаат пари бидејќи ги инвестираат во различни акции во неколку земји. Акциите ви даваат приходи и дивиденда. Платени сте бидејќи сте инвеститор и превземате ризик.
Луѓето на кои Fidelity Investments правеле истражување, имале 75% од своите пари вложено во акции и фондови. Нивната сметка благодарение на тоа годишно растела 8,75%.
3. Не подигнувајте готовина
Вашите инвестиции не се касичка за парички ниту фонд за итни случаеви. Бидете трпеливи додека парите богато не се оплоденат.
4. Уплатете во доброволен пенизски фонд
Освен задолжителниот, добро е и самите да се погрижите за своите пензиски фондови. Следете ги парите и вложете ги во фондови што е можно повеќе.