Направете есенскиот мантил да не изгледа здодевно на вас

Монотоната беж боја заменете ја за некоја посилна боја или комбинирајте го со облека во похрабри бои – идеи како да го освежите изгледот со класичниот есенски мантил и да не бидете како во униформа со сите. Добро познатиот мантил „trench coat“ е едно од најпопуларните есенски парчиња и штом залади сите се како во униформа во беж боја. Но, ако не сакате да изгледате здодевно, како сите останати, а сепак ви се допаѓа да го имате на вас, имаме неколку предлози. Идеи како да го освежите изгледот со есенскиот мантил: Беж нијансите заменете ги со похрабри – црна или друга силна боја Дополнете го изгледот со елегантна марама, шал или сличен додаток Светлиот мантил комбинирајте го со облека во живи бои Одберете неутрална боја, но наместо беж, може маслинеста, сива и слично
Извор