Нападнат конвој амбулантни возила пред болницата Ал Шифа во Појасот Газа

Главниот влез на болницата Ал Шифа во Појасот Газа и конвој амбулантни возила денеска беа погоден од беспилотно летало и има жртви и повредени, јави Ал Џезира и Тајмс оф Израел.

Во најголемата болница во Појасот Газа се сместени повеќе од 5.000 пациенти и десетици илјади раселени лица. Претставник на болницата на прес-конференција побара меѓународна заштита за амбулантните возила, кои беа погодени во близина на болницата.

Портпаролот на Министерството за здравство во Појасот Газа, Ашраф ал Кудра, изјави дека возилата превезувале меѓу 15 и 20 тешко повредени пациенти кои требало да бидат префрлени на преминот Рафах на границата со Египет.

МИА

Прочитајте и:  ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство
- Реклама -