Можете ли да го замислите животот без индустриски преработена храна? Да јадете само свежи намирници и оброци што сами сте ги спремиле? Таа промена бара многу труд, но резултатите се одлично здравје.
За почеток барем обидете се да ги исфрлите најлошите меѓу лошите производи што ги внесуваме во организмот речиси секој ден:
1. Пилешки крокети и слична пржена храна
Дури и да станува збор за вистинско месо, тоа по ваква подготовка ќе се наполни со зејтин и конзерванси. Но, во крокетите е познато дека има најмалку чисто месо.
2. Пуканки за во микробранова
Тука проблемот не е во пуканките туку во пакувањето односно амбалажта која е полна со киселината PFOA која се поврзува со неплодноста. Најлошо од се е тоа што овие хемикалии се пренесуваат на пуканките, а остануваат во телото со години. Предизвикуваат рак на црниот дроб и тестисите.
3. Маргарин
Масните киселини од растителните масла што се индустриски преработени, односно маргаринот, го зголемуваат ризикот од срцеви болести, го зголемуваат нивото на холесторот, а го намалуваат нивото на добриот холестерол. Тука е и зголемениот ризик од дијабетес од типот 2 и од мозочен удар.
4. Домати во конзерва
И тука проблемот не е во доматите, туку во конзервата која содржи бисфенол А- односно БПА кој се поврзува со срцевите болести и дијабетесот.
5. Готови сосови за салати
Готовите преливи и сосови за салати се полни со шеќери и конзерванси, а тие со масти дури содржат и повеќе штетни состојки, на пример високофруктозен пченкарен сируп кој докажано дебелее побрзо од обичниот шеќер.
6. Енергетски чоколатца
Тука станува збор за чоколатцата кои освен вообичаените состојки што нагло го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, има и калории кои дебелеат експресно.