Намирници што ја освежуваат кожата

Кожата е најголем орган на човековото тело. Таа има основна функција да го заштити нашето тело од надворешните влијанија. Затоа на кожата ѝ е потребна постојана нега т.е. надворешна нега и нега од самиот организам, односно нутритивна или внатрешна нега.

Јагоди

Јагодите се идеално овошје богато со витамин Ц, побогато и од портокалот и грејпфрутот. Витаминот Ц се бори со слободните радикали и ја подобрува виталноста на кожата, односно ја намалува појавата на брчки. Но не е само јагодата корисна за кожата туку и кои било овошје и зеленчук богати со витамин Ц се од голема полза за кожата.

Зелен чај

Одличен е поради неговата антиоксидантска моќ. Не веруваме дека постои некој кој не слушнал или нз нае за огромната моќ на зелениот чај. Сепак интересни се резултатите од последното истражување во кое се покажа особената корист на зелениот чај во намалување на ризикот од рак на кожата.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Нар

Нарот е подобар дури и од зелениот чај и од виното. Одличен е за кожата без разлика дали го јадете или од него ќе правите маска за кожа.

Маслиново масло

Маслиновото масло освен што е богато со антиоксиданси, ја омекнува кожата и ја намалува воспалителната реакција. Одлично е за кожата при надворешна употреба и при употреба во салати и разни други јадења.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -