Наместо виц: Човекот сфаќа дека старее кога…

1. Сите ваши омилени филмови излегуваат повторно на екран, и тоа, во боја.

 2. Во ситуацијата со земање заложници најверојатно е дека ќе ве  ослободат прв.

3. Повеќе време ви е потребно да се одморите, отколку да се заморите.

4. Обвиненијата против вас за сексуална злоупотреба стануваат смешни.

5. Многумина од колегите ви кажуваат дека се  родени во годината, кога беше вашето последно  унапредување.

6. Облеката што сте ја зачувале со надеж дека пак ќе се врати во  модата, повторно доаѓа и тоа по 5-ти пат.

7. Најновиот  најдобар пријател ви е аптекарот.

8. Спиете одделно од забите.

9. Го започнувате секој разговор со: „ Во мое време“

10. Доаѓате до заклучок дека најголем непријател ви е гравитацијата.

11. Почнувате да се задишувате, додека играте шах.

12.  По ушите имате повеќе влакна отколку на главата.

13. Ноќно излегување ви е седење на тераса.

14. Инвестицијата во здравствено осигурување конечно почна да се исплаќа.

- Реклама -