Намалување на стапката на слободни работни места во ЕУ во третиот квартал

Во третиот квартал од 2023 година стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 2,9 отсто, што е намалување за 0,1 процентни поени во споредба со претходното тримесечје, кога таа изнесуваше 3,0 проценти.

Во исто време, како што соопшти Европската статистичка агенција – Евростат, на ниво на ЕУ, стапката на слободни работни места изнесуваше 2,6 проценти, што исто така е намалување за 0,1 процентен поен на квартално ниво, од 2,7 отсто во периодот април-јуни 2023.

За споредба, како што јави дописникот на МИА од Брисел, во третиот лански квартал стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 3,1 отсто, а во цела ЕУ 2,9 проценти.

По земји највисока стапки на слободни работни места во периодот јули-септември 2023 година се регистрирани во Белгија од 4,7 отсто, пред Холандија од 4,5, Австрија 4,2 и во Германија од 4,1 проценти. Од друга страна, најниски стапки се забележани во Бугарија и Романија од 0,8 отсто, Шпанија и Полска од 0,9, Словачка од 1,1 и Ирска од 1,2 проценти.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Во споредба со истиот квартал лани, стапката на слободни работни места се зголемила во пет земји членки, во четири е непроменета, а е намалена во 18 држави од ЕУ.

Раст е регистриран во Кипар 0,7 процентни поени, пред Грција од 0,5, Хрватска од 0,4 и Литванија и Малта од по 0,1 процентни поени.

Најголемо намалување, од друга страна, ома во Чешка од 1,0 процентни поени, пред Луксембург 0,9, Австрија и Данска од 0,8 и Финска од 0,7 процентни поени.

МИА

- Реклама -