Наковска Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри


Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки.

Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска Бикова го освои 17 место.

Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 кругови што на крајот се покажа недоволно за пласман меѓу првите осум и место во финалето.

Претходно на Параолимписките игри во Париз, Наковска Бикова, која го освои златниот медал на Игрите во 2012, настапи во финалните серии со пиштол од 10 м во женска конкуренција и во финалето со пиштол од 25 м мешано, освојувајќи го во двата наврати осмото место.

- Реклама -