Најзначајните пронајдоци од деветнаесеттиот век

пронајдоциЧесто помислуваме дека претходниот век ни донесе голем напредок во технологијата и науката, па лесно е да се занемарат значајните пронајдоци направени во деветнаесеттиот век. Тие пронајдоци биле исто толку значајни и чудесни за луѓето од тоа време колку што пронајдоците на дваесетиот век беа за нас.

Често помислуваме дека претходниот век ни донесе голем напредок во технологијата и науката, па лесно е да се занемарат значајните пронајдоци направени во деветнаесеттиот век. Тие пронајдоци биле исто толку значајни и чудесни за луѓето од тоа време колку што пронајдоците на дваесетиот век беа за нас.

пронајдоциПарниот мотор

Експерименти со погон на пареа имало уште кај античките Грци и Римјани пред илјадници години, а првиот експериментален парен мотор бил создаден во седумнаесетиот век. Но дури на почетокот на деветнаесеттиот век пареата станала практичен извор на енергија кој ја започна индустриската револуција. Всушност, невозможно е да се замисли деветнаесеттиот век без парниот мотор. И иако подоцна беше заменет од помоќни и поефикасни мотори, во тој век пареата беше на врвот.

пронајдоциТелефонот

Идејата дека глас може да патува преку жица била на ниво на магија кога првпат била предложена, но кога Александар Греам Бел го патентирал неговиот „електричен телеграф“ во март 1876, телефоно не само што станал реалност туку засекогаш го променил светот. Од тој момент станало возможно еден човек да прекине друг за време на ручек од удобноста на сопствениот дом. Единствената дилема е кој го дизајнирал првиот практичен телефон. Дали тоа бил Јохан Рејс во 1861 или Антонио Меучи во 1871 година? Или пак Елиша Греј во 1876 година? Ова е прашање за кое се водат жестоки дебати до денес, но вистинското прашање е, дали е навистина толку важно?

Antique-gasoline-engine-228x400Моторот со внатрешно согорување

Иако пареата сè уште била главниот извор на енергија во светот, до крајот на деветнаесеттиот век наследникот, моторот со внатрешно согорување, започнал да се појавува. И двете форми, четиритактниот бензинец и поефикасниот дизел мотор, сè уште не биле доволно развиени и најчесто немале доволно сила во последните години од векот. Сепак моторот со внатрешно согорување не само што го истурка парниот мотор од употреба туку и овозможи создавање на многу машини кои не ни можеле да се замислат претходно: автомобилот, авионот, па дури и обичните косилки. Дополнително, колку и да се штетни денешните мотори кои согоруваат фосилни горива, тие сепак загадуваат стопати помалку отколку парните мотори кои работеле на јаглен.

Пушката
пронајдоци
Иако доверливата мускета и топовите кои се полнат однапред постоеле со векови, дури во средината на деветнаесеттиот век оружјето го постигнало својот потенцијал. Прво со појавата на олучување на цевките, што го подобрило дострелот и прецизноста. Потоа со измислувањето на куршумот, што го зголемило бројот на истрели кои можат да се истраллат во една минута. И на крај изнаоѓањето на ефективен метод на полнење на оружјата од задната страна на цевката наместо однапред.

пронајдоциЖелезните бродови

Со пареата и напредните топови дошла и најголемата револуција кај бродовите во последните илјада години: замената на дрвените бродови со погон на едра од големи железни чудовишта кои испуштаат чад како фабрики. Оваа промена била толку брза и целосна што едрото како погон било сметано за чуден анахронизам, а дури и најмалите товарни бродови биле градени од метал и опремени со огромни парни мотори. Влијанието врз поморското војување било уште подрастично, и наместо битки како онаа кај Трафалгар каде десетици бродови пукале едни врз други на одалеченост од триесетина метри, чудовишта со метален оклоп разменувале истрели на неколку километри одалеченост. Иако модерните битки го немаат романтизмот од времето на Нелсон, сепак се прилично спектакуларни.

пронајдоциЕлектрицитетот/Светилката

Каде би биле без електрицитетот или светилката? Најверојатно ќе седевме крај слабата светлина од нашите газиени ламби и ќе се прашувавме зошто фрижидерот не работи. Јасно е дека пронаѓањето на електрицитетот во последните години од деветнаесеттиот век имало огромно влијание на општеството. Не само што се намалила опасноста од пожари при заменувањето на газиените улични светлики со електрични, туку со тоа биле поставени темелите за сè друго, од телевизија и радио до фрижидери, компјутери и мобилни телефони.

пронајдоциФотографијата

До четириесетите години на деветнаесеттиот век, луѓето можеле за добри пари да најмат уметник кој ќе направи нивен портрет на кој ќе бидат претставени поубави и похрабри отколку што навистина биле. Со измислувањето на фотографирањето сето тоа се променило. Луѓето можеле да бидат претставени онакви какви што биле: намуртени и не многу среќни што мораат да живеат во деветнаесеттиот век.

- Реклама -