Само зашто не јадеш пица, не значи дека не можеш да јадеш пица, макар бил и веган.
Повелете и ѕирнете го специјалниот рецепт на JP Sears за највеганската пица на сите времиња. Човекот е врвен специјалист во полето, што јасно се гледа и од натписот на неговата маица – VeganAF („as fuck“).
Освен тоа, JP Sears е и духовниот гуру кој ја измисли и усоврши ултра-спиритуалноста, човекот кој докажа дека Земјата е рамна, човекот кој ги постави 10-те заповеди на атеизмот, и воедно веројатно најдобриот трол на интернет во последниве години. Препорачуваме да му ја купите книгата. Дури и Буда, Кришна и Мајка Богородица признаваат дека е одлична.